Падна потписот во Барса кој навивачите со нетрпение го очекуваа

Барселона успеа да постигне договор со еден од своите најважни фудбалери, па Рафиња и во следните години ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

Бразилецот стави потпис на нов договор со важност до 30 јуни 2030 година, со што Барселона обезбеди продолжување на соработката со фудбалерот е од огромна важност за тимот.

Рафиња пристигна на „Камп Ноу“ во летото 2022 година, а досега за каталонскиот клуб одигра 190 натпревари и постигна 94 голови. Во тој период освои три титули во Ла Лига, еден Куп на Шпанија и три трофеи во шпанскиот Суперкуп.

Во актуелната сезона Рафиња веќе има 19 погодоци, од кои 15 во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите, што го прави најдобар стрелец во шпанското првенство.