Алкараз без борба до четвртфинале во Париз
Италијанецот требаше да се соочи со првиот носител во осминафиналето, но проблемите со рамото го принудија да се повлече од турнирот.
На тој начин Алкараз неочекувано доби дополнителен ден за одмор, што сигурно ќе му значи по напорниот период. Шпанецот неодамна го освои турнирот во Виена, каде што одигра пет натпревари во само шест дена, а слично темпо го очекуваше и во Париз.
Сега, сепак, ќе има повеќе време за одмор и подготовка за следниот предизвик. Во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Артур Фис и Тејлор Фриц.