Почина Гоце Јовановиќ, еден од најистакнатите македонски фудбалски работници

Тажна вест го погоди денеска македонскиот фудбал, почина Гоце Јовановиќ, еден од нашите најистакнати фудбалски работници во минатото.

Најголем дел од кариерата Јовановиќ ја помина како генерален секретар на ФК Балкан кога клубот ги имаше и најголемите успеси настапувајќи во Втората сојузна лига на поранешна Југославија од 1979 година.

Исто така тој беше активно вклучен и во формирањето на стручните комисии на независниот Фудбалски сојуз на Македонија во првата година од македонската независност.

Погребот на Јовановиќ ќе се одржи утре на Градските гробишта во Бутел, а најблиските последна почит ќе може да му оддадат во капелата од 09:30 часот.