Голманот Овоно по смртта на Де Мигел не излегува од дома!
Шпанските медиуми пишуваат дека голманот е во тешка психичка состојба и се повлекол од јавноста, а исто така не го напушта својот дом.
Во овие тешки моменти покрај него е семејството, а особено мајка му, која му дава поддршка. Зад него застанаа и и соиграчите, тренерите и вработените во клубот.
По трагедијата, голманот се соочи и со навреди на социјалните мрежи, како и закани по својот жвиот.