Следна цел на Надал - претседател на Реал Мадрид
Предлогот треба да биде ставен на гласање и ратификација на Собранието на делегатите на 21 ноември. Доколку биде одобрен, Надал ќе добие можност да биде дел од структурите на клубот и одлуките поврзани со неговото функционирање.
Љубовта на Надал кон Реал Мадрид е добро позната, а шпанскиот тенисер никогаш не ја криел својата приврзаност кон клубот. Освојувачот на 22 гренслем-титули и две олимписки златни медали со години се споменува како потенцијален кандидат за висока функција во мадридскиот гигант.
Неговото вклучување во Управниот одбор веднаш ги отвори шпекулациите за можноста еден ден да го наследи Флорентино Перес на претседателската позиција. Сепак, за такво нешто постојат конкретни услови. Според статутот на Реал Мадрид, кандидатот за претседател мора да има најмалку 20 години непрекинато членство во клубот, како и да обезбеди банкарска гаранција во висина од најмалку 15 проценти од расходниот буџет.
Надал е почесен член на Реал Мадрид од 2011 година, а доколку тој статус се смета за почеток на потребниот период, условот од 20 години би го исполнил во 2031 година.
Сепак, постои и можност за поинаков развој на настаните. Доколку дојде до испразнување на претседателската функција, Управниот одбор може да избере нов претседател од своите редови, со соодветна потврда од Собранието на делегатите. Интересно е што самиот Надал во минатото не ја исклучи можноста еден ден да застане на чело на Реал Мадрид. Во интервју од 2024 година, тој призна дека би бил среќен да го предводи клубот, иако тогаш нагласи дека тоа не е дел од неговите непосредни планови.
Засега нема официјална најава дека тениската легенда ќе се кандидира за претседател, но неговото вклучување во управата отвора можност за нова улога во клубот со кој е тесно поврзан.