Сензација во Шкотска: Селтик остана без еден од трофеите (ВИДЕО)

Не се случува често Селтик да загуби финале во шкотскиот фудбал во ситуација кога противник не му е Ренџерс.


За такво нешто денеска се погрижи Сент Мирен кој направи сензација, освојувајќи го шкотскиот Лига Куп, откако го победи Селтик со 3-1 во финалето во Глазгов. Џон Ајунга постигна два гола за Сент Мирен во 64. и 76. минута, додека Маркус Фрејзер постигна еден гол уште на самиот почеток. Рео Хатате го постигна единствениот гол за Селтик во 23-тата минута.

За Сент Мирен тоа е втор трофеј во Лига Купот во историјата, а клубот има уште три титули во ФА Купот.