Гвардиола прави чистка во јануари: Тројца фудбалери на Сити на излезна врата!
Гвардиола во јануари сака да продаде тројца фудбалери, а на листата за „отстрел“ се Савињо, Рико Луис и Оскар Боб.
Савињо не успеа да избори минутажа покрај Жереми Доку, Фил Фоден и Рајан Шерки, па поради тоа среќата ќе си ја бара на друго место.
Рико Луис, исто така, падна во втор план и тоа го потврдува неговата минутажа од само 181 минута одиграна во Премиер лигата, додека Оскар Боб не успеа да се наметне, па Гвардиола сака да заработи нешто и од него.
Фото: Facebook/Manchester City