Кејн од пенал го спаси Баерн од прв пораз во Бундеслигата (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен освои бод против Мајнц (2-2) во 14. коло од Бундеслигата.

Талентираниот Ленарт Харт повторно се запиша во листата на стрелци и донесе предност на Баерн од 1-0 во 29. минута, но Мајнц израмни преку Каспер Потулски во судиското надооплнување на првиот дел.

Ли-Џи-Сунг успеа во 67. минута да погоди за целосен пресврт (2-1), додека Хари Кејн од белата точка во 87. минута стрелаше за конечни 2-2.

Баерн останува лидер со 38 бодови, односно девет повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.

Фото: EPA