Хаос во Италија: Војна пред стадионот меѓу хулиганите на Интер и Џенова (ВИДЕО)

Вистински хаос беше предизвикан од навивачките групи на Џенова и Интер пред денешниот натпревар.

Двете групи се судрија пред стадионот, при што користеа различни предмети, факели, а во еден момент запалија и автомобил.

Полициските сили се појавија на местото на инцидентот, па интервенираа со солзавец за да ги избркаат хулиганите.