Франко Барези ги надмина здравствените проблеми и се врати на сан Сиро

Легендарниот капитен на Милан, Франко Барези се врати на Сан Сиро по месеци отсуство по операцијата од канцер на белите дробови.

Пред натпреварот Милан-Сасуоло, присутните на Сан Сиро му дадоа долг аплауз на 65-годишникот од Травалјато, кој испиша историја со „росонерите“, а чиј почесен потпретседател е во моментов. Барези беше видливо трогнат од навивањето од неговиот стадион, но изгледаше во добра физичка состојба.

Во август годинава тој самиот ја објави информацијата за својата болест и потребата од операција. Иако нема официјални вести како се чувствува во моментов и дали ја победил болеста, самото присуство на Сан Сиро е одлично.