Мбапе доби помош, Реал „исчепка“ победа и го спаси Чаби Алонсо (ВИДЕО)
Мечот беше клучен за судбината на Чаби Алонсо кој се наоѓаше пред отказ, но баскискиот стручњак привремено „преживеа“ благодарение на победата во неговата провинција. Килијан Мбапе конечно доби помош од соиграчите во однос на постигнување голови и тоа се одрази и на конечниот исход.
Реал на овој меч имаше проблеми и околу составот бидејќи Чаби Алонсо не можеше да смета на дури 12 фудбалери и од тој аспект беше можне важно да ги освои трите бода. Мбапе го отвори резултатот во 24. минута и се чинеше дека повторно ќе биде клучен за својот тим, но натпреварот подоцна доби неочекуван тек.
Алавес ја презеде иницијативата, создаде неколку шанси, а преку Висенте во 69. минута успеа да израмни на 1-1 и да внесе неизвесност во финишот. За среќа на Реал, на сцена се појави Родриго кој втор натпревар по ред успеа да постигне гол и неговиот погодок се покажа одлучувачки за победникот.
Со оваа победа Реал остана на второто место со 39 бода, но може да падне на третата позиција ако Виљареал ги добие двата заостанати натпревари бидејќи во моментов има четири бода помалку.