Артета ќе потпише нов договор со Арсенал и ќе добие поголема плата!
Преговорите траеја неколку месеци, а новиот договор ќе биде со подобри финансиски услови. Според првичните информации се очекува да стави потпис на соработка до 2029 година, а притоа да заработува над 11,5 милиони евра годишно плус 6 милиони евра бонус за пласман во лигата на шампиони (ЛШ).
Зад Артета е одлична сезона со „топчиите“, откако ја освои Премиер лигата по пауза од долги години, а исто така стигна до финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Фото: Facebook/Arsenal