МЗТ го чека пекол - до крајот на годината ќе игра по еден меч на секои 80 часа!
Аеродромци тоа најмногу ќе го почувствуваат до крајот на годината со оглед што за три месеци ќе мора да одиграат дури 26 натпревари. Ова значи по еден меч на секои 80 часа, што е предизвик каков што досега немал некој македонски тим, а што е дури повеќе од бројот средби што ќе го одиграат тимовите кои ќе настапат во Суперлигата и ќе продолжат во Плејаут лигата за - цела сезона.
Македонскиот првак од крајот на септември до крајот на декември ќе одиграат 10 натпревари во ФИБА Европа, 11 во Суперлигата, четири во АБА2, а целиот циклус ќе му почне со Суперкупот закажан за в сабота против Куманово на теренот на противникот.