Катастрофа на „росонерите“: Милан потона на Островот (ВИДЕО)

Борнмут му приреди тежок удар на Милан во дуелот од Лигата на Европа, победувајќи го со 3-0 во натпревар во кој англискиот тим ја искористи секоја слабост на италијанскиот гигант.

Англискиот тим ја најави одличната вечер уште во осмата минута, кога Џастин Клујверт реализираше пенал за водство од 1-0. Англичаните продолжија со притисокот, а во 28. минута следуваше клучниот момент на натпреварот.

Мајк Мењан беше исклучен со директен црвен картон поради недозволен контакт со Тајлер Адамс. Милан мораше да направи измена и да го внесе резервниот голман, а Борнмут доби дополнителна можност да ја зголеми предноста. Во 32. минута Маркус Таверние беше сигурен од белата точка и зголеми на 2-0, па Милан се најде во исклучително тешка позиција.

Во второто полувреме Милан се обиде да го ублажи негативниот резултат, но со играч помалку тешко доаѓаше до сериозни шанси. Борнмут ја контролираше играта и ја чекаше можноста да го зададе завршниот удар. Третиот гол пристигна во 84. минута, кога Амин Адли ја затресе мрежата за 3-0 и практично стави точка на надежите на Милан за враќање во натпреварот.

Од останатите натпревари што се играа во доцниот термин, за издвојување е победата на Сосиедад на гостувањето кај Лилестрем со 6-0.

РЕЗУЛТАТИ
Бешикташ - Кристал Палас 2-2
Борнмут - Милан 3-0
Селтик - Селта 1-2
Цеље - Салцбург 2-2
Хофенхајм - Лион 3-0
Јагиелонија - Андерлехт 0-3
Лилестрем - Сосиедад 0-6
Олимпијакос - Спарта 1-0
Омонија - Бенфика 1-4
Викторија Плзен - Левски 1-2