Продолжува европската бајка за Хајдук: „Билите“ го срушија и Тун (ВИДЕО)
Стрелец на единствениот гол беше Далисон во 17. минута, по одбиена топка во противничкиот шеснаесетник. Гостите имаа можност да ја осигураат победата во 68. минута, но Микеле Шего не реализираше пенал.
Тун можеше да го казни промашувањето, но Ноа Кристоферсон не успеа да ја искористи големата шанса за израмнување. Хајдук ја сочува предноста до крајот и стигна до втората победа во низа, по триумфот над Ајакс со 2-1 во првото коло.
Сплиќани сега имаат максимални шест бода од првите два натпревара во европското натпреварување.
Голот на Хајдук погледнете го ТУКА.