Лошо му се пишува на Милан, губи 0-2 и Мењан доби црвен картон (ВИДЕО)

Голманот на Милан, Мајк Мањан доби црвен картон на гостувањето кај Борнмут, во натпревар во кој англискиот тим има предност од 2-0. Италијанскиот гигант се најде во исклучително тешка ситуација, бидејќи покрај негативниот резултат, мора да продолжи и со играч помалку.

Борнмут поведе уште во осмата минута, кога Џастин Клујверт беше прецизен од белата точка. Англичаните ја удвоија предноста во 36. минута, повторно со гол од пенал, овојпат преку Маркус Таверние.

Проблемите за Милан дополнително се зголемија во 28. минута, кога Мањан беше исклучен поради физичкиот контакт со Тајлер Адамс. Францускиот голман го турна противничкиот фудбалер, по што судијата му покажа црвен картон.

Со два гола негатива и со десетмина на теренот, Милан е пред сериозен предизвик во продолжението од натпреварот. Борнмут, пак, ја има резултатската предност и бројчаната надмоќ, па се наоѓа во одлична позиција да стигне до победата.