Шкендија со тешка навреда за христијаните го најави дербито со Вардар! (ФОТО)

Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, луѓето од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), но пред се сите христијани во Македонија.

Првите два напади може да се види преку алузијата со преставување на противникот со првите три букви (ВАР), кои се совпаѓаат со видео-технологијата на фудбалските натпревари, а со што, меѓу редови, како да потенцираат дека скопјани се миленици на Куќата на фудбалот и на судиите во ВАР собата. Последната навредлива алузија дефинитивно е и најстрашна, со „кропирање“ на спорната фотографија на начин скалите на стадионот да претставуваат христијански крст превртен наопаку.

Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.

„Користењето на превртен крст е чисто искористување на модерниот 'антихристијански' симболизам за да се испровоцираат, навредат и повредат верските чувства на христијаните, а како чин на меѓурелигиска нетрпеливост“, се вели во теолошкото објаснување на потегот на Шкендија.

Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера. Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Исламот категорично забранува исмејување и навредување на светостите на другите религии, нешто што админот на Фејсбук профилот на Шкендија очигледно не го знаел.