Растодер стрелец во „петардата“ на Панатинаикос против Каират!
Грците тргнаа фуриозно во мечот, па во шестата минута преку Таборда поведоа со 1-0, а потоа стрелаше и Десерс за предност од 2-0.
Тете постигна и трет гол за Панатинаикос, но истиот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.
Панатинаикос продолжи да го полни голот на домаќинот и во вториот дел, па стрелаа Десерс, Кангва и Растодер за водство од 5-0, по што Бекболат намали на 1-5 во завршницата.
Грчката екипа по две одиграни кола има шест освоени бодови во елитното натпреварување на УЕФА.
Фото: Facebook/Panathinaikos FC / ΠΑΕ Παναθηναϊκός