Кеита пред дуелите од ЕХФ Купот: Сакаме две победи против Спор Тото!

Македонскиот суперлигаш Охрид ќе одигра два натпревари во ЕХФ Европскиот куп против Спор Тото од Турција, а Адама Кеита го најави новиот предизвик кој е пред „гладијаторите“.

Кеита побара поддршка од публиката и кажа дека се надева на две победи во ЕХФ Европскиот куп.

„Ќе ги одиграме првите два натпревари од ЕХФ Европскиот куп овој викенд. Мора да играме најдобро што можеме в петок и сабота. Возбудени сме за почетокот на ново натпреварување, сакаме да ги одиграме најдобрите натпревари во оваа сезона. Ги очекуваме сите навивачи в петок и сабота, сакаме добра атмосфера и две победи“, кажа Кеита.

Охрид ги игра дуелите против Спор Тото в петок и сабота со почеток од 18.30 часот. 

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid