Баерн скапо го плати бодот против Арсенал - се повреди една од главните ѕвезди!

Германскиот шампион Баерн Минхен ремизира против Арсенал (2-2) во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), но по дербито доби лоши вести од медицинскиот тим.

Колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз се повреди во дуелот против Арсенал и ќе паузира подолг период надвор од терените.

Дијаз влезе во игра во 68. минута против Арсенал, но не успеа да го дочека крајот на натпреварот. Во завршницата почувствува болка и мораше да го напушти теренот, а тоа го вклучи „алармот“ во таборот на баварскиот тим.

Повредата на Дијаз доаѓа во незгоден момент за Баерн, кој има густ распоред во домашното првенство и ЛШ.

Фото: Facebook/FC Bayern München