Македонските кадетки продолжуваат со подготовките за натпреварите во Регионалната лига

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија продолжува со подготовките во рамки на ЕХФ неделата, во пресрет на претстојните натпревари од Регионалната лига У16.

Младите македонски ракометарки се подготвуваат за настапите во Верија, Грција, каде што ќе имаат можност да ги одмерат силите со своите врснички од регионот.

Македонија ќе се соочи против Турција на 24 октомври од 14 часот, како и Грција еден ден подоцна од 12 часот.