Флик во големи проблеми: Барса може да остане речиси без одбрана за „Ел Класико“

Барселона во недела од 21 часот го пречекува Реал Мадрид во рамките на 10. коло од Ла Лига. Актуелниот шампион и лидер на табелата ќе го угости Реал со шест бода предност, но и со сериозни проблеми. 

Барселона, по 11 победи на исто толку натпревари од почетокот на сезоната, загуби од ПСЖ со 4-2 на гостински терен. На тој натпревар го загуби и Дани Олмо, кој беше заменет на полувремето и ќе отсуствува еден месец.

Дополнителни лоши вести пристигнаа по натпреварот. Шпанските медиуми пишуваат дека неизвесен е и настапот на Чави Еспарт против Реал Мадрид.

Младиот 19-годишен лев бек игра одлично оваа сезона. Против ПСЖ го постигна својот втор гол сезонава, а има и две асистенции. Сепак, во Париз мораше да го напушти теренот поради проблеми со зглобот.

Еспарт бил подложен на дополнителни медицински прегледи, но сè уште не е познато дали ќе може да настапи во недела.

Одбраната на Барселона веќе е значително ослабена поради повредите на Жил Кунде и Ерик Гарсија, па евентуалното отсуство на Еспарт би значело дополнителен удар за последната линија на каталонскиот тим.