Meси се вратил во Шпанија, ќе му биде доделена специјална награда
Аргентинецот слетал во 10:25 часот, по што со автомобил продолжил кон Овиедо. Поради засиленото обезбедување, неговиот престој на аеродромот бил краток, а навивачите не можеле да му се приближат.
Како што пишува шпанскиот весник „Ел Периодико Медитеранео“, Меси пристигнал со авион „Bombardier BD-700 Global Express“, кој полетал околу 21 часот по локално време од Форт Лодердејл, Флорида, градот во кој живее.
Во 17:30 часот, во Палатата на спортовите, ќе се сретне со ученици и наставници, пред сè од училиштата што учествувале во програмата „El juego del 10“, во рамките на проектот „Toma la palabra“ на Фондацијата на принцезата од Астурија.
Наградите „Принцезата од Астурија“ секоја година ги доделува истоимената фондација на поединци, организации и институции од целиот свет за исклучителни достигнувања во науката, хуманистичките дисциплини и јавниот живот. Во периодот од 1981 до 2014 година, тие го носеа името „Награди Принцот од Астурија“.
Наградите се доделуваат секој октомври на свечена церемонија во театарот „Кампоамор“ во Овиедо, главниот град на Кнежевството Астурија. Признанијата ги врачува наследникот на шпанскиот престол, а таа функција моментално ја извршува принцезата Леонор.