Хаос се подготвува во Шпанија: Навивачите најавија прекин на мечот уште во првата минута!
Навивачите подготвуваат прекин уште на стартот на натпреварот, односно тие планираат на теренот да бидат фрлени околу 5.000 копии од членски картички со ликот на претседателот Преса, како и 8.500 гумени топчиња.
Фановите на Рајо Ваљекано подолго време се во конфликт со претседателот Преса и го обвинуваат за лошо управување со клубот.
Натпреварот треба да се игра на 24 октомври од 14 часот.