Костов со спектакуларен гол ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)

Фудбалерот со македонско потекло, Василије Костов постигна прекрасен гол против Копенхаген во 41. минута од натпреварот во Белград.

Костов упати силен удар кој ја погоди пречката на Копенхаген, а потоа топката заврши во мрежата на гостинскиот голман (2-1).

Копенхаген, сепак, во вториот дел успеа да стигне до израмнување преку Карицо.

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda