Тоти можел да се врати во Серија А на 48 години - имал понуди од две екипи!
Тоти решил да ги одбие двете понуди од Џенова и Комо поради неговата поврзаност со Рома, каде што ја помина цела сениорска кариера.
Поранешниот фудбалер открива дека имал сериозни преговори со Џенова, по што почнал да се подготвува за враќање на теренот, меѓутоа во еден момент сфатил дека тоа ја отвора можноста да се соочи против Рома.
Неговата лојалност кон екипата од Рим била пресудна во одлуката да не се врати на фудбалските терени.