Фудбалерките до 17 години ремизираа со Црна Гора во меч со шест голови!

Македонската женска репрезентација до 17 години ремизира против Црна Гора (3-3) во првиот од двата пријателски натпревари.

Црногорките тргнаа моќно во натпреварот, па само по четири минути Теодора Чабаловиќ погоди за 1-0, а потоа за црногорската селекција стрелаа и Милена Чукиќ и Тамара Јововиќ (3-0).

По негативата од 0-3, Македонија почна да се буди, па набрзо Глорија Тодоровска намали на 1-3. Истата фудбалерка потоа стрелаше и вторпат, а конечните 3-3 ги постави Лица Мицовска.