Се тресе столчето на Керик по лошиот старт на сезоната на Манчестер јунајтед
Јунајтед разочара и на последниот меч против Фулам, каде што се спаси со гол на Матеуш Куња во финишот од натпреварот, а тоа го вклучи алармот на „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пишуваат дека во екипата прават анализа на досегашните резултати и настапи на „црвените ѓаволи“, па доколку нешто драстично не се промени, тогаш Керик би можел да добие отказ.
Ситуацијата дополнително ја комплицира тешкиот распоред, односно натпревари против Атлетико Мадрид, Лидс, Комо, Тотнем и Борнмут во следниот период.
Фото: Manchester United /Facebook