Халанд со порака до најпознатиот навивач на Јунајтед: Скрати си ја косата! (ФОТО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд повторно се најде во центарот на вниманието поради една порака испратена кон навивач на Манчестер јунајтед, која брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Навивачот на „ѓаволите“ уште во 2024 година започна необичен предизвик - да не ја скрати косата додека Манчестер јунајтед не забележи пет победи по ред.

По неуспехот на тимот да стигне до петтата победа, неговиот предизвик продолжи, а сега повторно е актуелен поради коментарот на Халанд.

„Скрати ја косата, човеку“, му напиша Халанд на навивачот.