Ливерпул им го „украде“ сенегалскиот бисер на европските гиганти

Ливерпул продолжува да ја гради иднината со ангажман на млади фудбалски таленти. Англискиот гигант направи важен чекор за ангажманот на 16-годишниот Сенегалец, Сиди Бархама Ндиаје кој во моментов настапува за Диамбарс од својата татковина.

Договорени се сите детали за преминот на тинејџерот во Англија, но тоа нема да се случи веднаш. Навивачите на Ливерпул ќе мора да почекаат за неговото пристигнување бидејќи Ндиаје има само 16 години и не може веднаш да се пресели на Островот. Тој ќе наполни 18 години на 31 декември 2027 година, па неговото доаѓање на „Енфилд“ е планирано за јануари 2028 година. 

Ндиаје веќе е познат во Ливерпул. Во текот на летото 2025 година бил дел од тренинзите на младинската академија на англискиот клуб, каде што оставил добар впечаток. Во меѓувреме, неговите настапи за Сенегал на Светското првенство за фудбалери до 17 години дополнително го привлекле вниманието на европските скаути. Особено се истакна во убедливата победа на Сенегал над Куба со 9-0, на која постигна еден гол и забележа две асистенции. Игра главно на десната крилна позиција, но може да настапува и на спротивната страна.

Младиот фудбалер настапува за Диамбарс, клуб кој минатата сезона избори пласман во највисокиот ранг на сенегалскиот фудбал.