Скандал во азиската Лига на шампиони: Судија пијан водел натпревар, заменет е на полувреме
Инцидентот предизвика голема реакција кај фудбалерите и стручниот штаб на Гол Гохар, кои дури се заканија дека нема да го продолжат натпреварот доколку Хатаб остане главен судија. По протестот, беше донесена одлука арбитерот да биде заменет со четвртиот судија.
Според информациите од иранските медиуми, претставниците на Гол Гохар ја известиле Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) за проблемот и побарале интервенција. Менаџерот на тимот на полувремето изјавил дека судијата „не е во нормална состојба“ и дека е очигледно пијан, а клубот најавил дека неговите фудбалери нема да се вратат на теренот доколку Хатаб продолжи да ја води средбата.
Причината за незадоволството се појавила уште во првиот дел. Во 32. минута, по еден прекршок врз Али Асгар Ашури, Хатаб му покажал жолт картон на голманот на Ал Џазира, Ерсин Дестаноглу. Следувала пауза од околу четири минути, по што арбитарот, по консултација со четвртиот судија, ја повлекол својата одлука. Камерите го забележале и тренерот на Гол Гохар, Мехди Рахмати, како бара од членовите на стручниот штаб да побараат објаснување од главниот судија.
На крајот, Хатаб не се врати за второто полувреме, а натпреварот го продолжи четвртиот арбитар. Средбата заврши со победа на Ал Џазира од 1-0, со голот на Андерсон Талиска во 40. минута.