Лил ја прекина серијата на Баерн која траеше од 2014 година!

Баерн Минхен доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Лил (1-2) во петтото коло од Лигата на шампионите (ЛШ), а притоа прекина една неверојатна серија.

Баварците одлично го започнаа натпреварот и поведоа во 15. минута со голот на Дајот Упамекано, по што Лил во вториот дел преку Ајасе Уеда и автоголот на Александар Павловиќ стигна до целосен пресврт (2-1).

Според податоците на „Опта“, Баерн за првпат по ноември 2014 година загуби натпревар во Лигата на шампионите во кој имал предност на полувремето.

Последен пат тоа му се случило против Манчестер Сити, кога англискиот тим славеше со 3-2, иако Баварците на паузата имале водство.

 Фото: Facebook/FC Bayern München