Робертсон за кризата во Ливерпул: Сè се распадна по смртта на Жота, не ни се играше фудбал!

Шкотскиот фудбалер Енди Робертсон беше еден од најважните фудбалери во ерата на Јирген Клоп во Ливерпул, а конечно реши да зборува за кризата со која се соочи поранешниот шампион.

Ливерпул минатата сезона играше непрепознатливо на теренот, а Робертсон кажа дека никој во клубот не можел да се посвети целосно на фудбалот по смртта на Диого Жота.

„Навистина е тешко да се зборува за тоа, затоа што поминавме низ ужасен период. Сите доаѓаа во клубот со скршено срце. Поради тоа ми е жал за тие момци. Ако зборуваме за фудбалот, ни требаа месеци да се прилагодиме, затоа што фудбалот не ни беше важен. Тоа е вистината, затоа што изгубивме еден од најдобрите другари во соблекувалната“, раскажа Робертсон.