Мбапе откри: Клоп ме убедуваше да потпишам за Ливерпул!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе откри интересни детали од разговорот со Јирген Клоп во периодот кога размислувал за својата иднина и можноста да го напушти Париз.

Французинот раскажа дека со германскиот тренер разговарале додека биле во авион, а Клоп детално му го претставувал проектот на Ливерпул.

Мбапе вели дека немало потреба Клоп да го убедува, бидејќи самиот факт што станувало збор за Ливерпул бил доволен да покаже колку сериозно ја разгледувал понудата. Сепак, во тој период имал и други опции, но на крајот решил да остане во Париз и да продолжи со ПСЖ.

„Се сеќавам кога бевме на авион и ми објаснуваше за големиот проект. Му кажав дека нема потреба да ме убедува затоа што тој е Јирген Клоп, а клубот е Ливерпул и секако дека постои интерес. Сепак, имаше други проекти кои беа добри. Без разлика која одлука ќе ја донесеш, зборуваме за најголемите клубови во светот. На крајот, решив да останам во ПСЖ затоа што пораснав во Париз“, раскажува Мбапе.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.