Интер ја совлада Џенова и се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)
„Нераѕурите“ двапати ја затресоа мрежата на Џенова во првото полувреме, и тоа преку Јан Бисек и Лаутаро Мартинез (2-0).
Витиња во 68. минута погоди за 1-2 и ја врати надежта на Џенова дека може да се спаси од пораз, меѓутоа домаќините немаа сила и за втор погодок во мрежата на Интер.
Интер е прв на табелата со 33 бодови, односно еден повеќе од Милан и два повеќе од шампионот Наполи.