Стефан ли е, Златан ли е: Ристовски со „Јутро је“ ја славеше големата победа на Сарајево (ВИДЕО)
Иако разликата во однос на водечкиот тандем Борац-Зрињски е огромна, денешниот триумф им донесе големо задоволство на сите во Сарајево каде има и неколку наши интернационалци и функционери.
Победата ја прослави и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој на својот Инстаграм профил стави стори на кое е преработена познатата песна на Нада Топчагиќ, „Јутро је“ и на неа на крајот се пее за Сарајево. Песната е објавена пред 35 години и беше голем хит во последната деценија од минатиот век, но ја „воскресна“ Златан Ибрахимовиќ кој со неа излезе на познатиот италијански фестивал Сан Ремо.