Нов систем за ракометната Супер лига, РФМ реши да нема странци во Првата лига!
Промената во Суперлигата ќе стапи на сила од сезоната 2027/2028 година. Бројот на екипите ќе остане да биде 12. Регуларниот дел ќе се игра како и досега, ќе бидат одиграни 22 кола, промената е во разигрувањето.
Предлогот е разигрувањето да биде во три групи. Во првата група ќе бидат екипите од прво до четврто место. Тие ќе разигруваат за титулата.
Во втората група ќе се најдат од петто до осмо место кои ќе се борат за европските купови. Додека во третата група ќе бидат од девето до 12 место и тие ќе ја водат борбата за опстанок.
Првата лига ќе има значајна промена од престојната сезона - ќе биде забрането играње на странски ракометари, клубовите ќе мора да се потпрат на домашни сили.
Идејата е македонските ракометари, особено младите да имаат повеќе простор за игра и развој.
Во Првата лига ќе учествуваат 14 клубови.