Американец со македонско потекло ќе игра за Пелистер
Во прашање е кошаркар роден во САД кој има македонско потекло и поседува македонско државјанство, па така во првенството ќе има статус на домашен играч и тоа секако е предност за Пелистер.
Позицијата на која настапива Денинг е крилен центар, а во македонската кошарка доаѓа со искуство од Европа бидејќи веќе играше во Азербејџан и Косово, но помина и еден период во Еквадор.
Пелистер наајви дека Денинг пред навивачите ќе биде претставен на почетокот на подготовките.