Пјастри лут на Саинц поради инцидентот: Треба да се погледне во огледало (ВИДЕО)
Австралиецот во тој момент водеше голема битка за победата со својот тимски колега Ландо Норис, кога налета на дуелот меѓу Саинц и Фернандо Алонсо од Астон Мартин, кои се бореа на самото дно од поредокот.
Пјастри се обиде да го претекне помладиот од двајцата Шпанци, но Саинц се врати на тркачката линија и удри во болидот на Мекларен, оттурнувајќи го надвор од патеката.
„Бев зад него и не можев да поверувам што се случи. Контакт со возач кој заостанува цел круг е нешто за кое никогаш не помислувате дека може да ви создаде проблем во трката. Не ме интересира тоа што не ме видел. Самата помисла дека не ме видел, дека никој не му кажал дека сум зад него или дека воопшто немал претстава што се случува околу него, е неприфатлива.
Се бореше со Фернандо за последното место како да се работеше за битка за шампионската титула, а мене тоа ме чинеше водството во трката. Често ги критикува другите, а и самиот беше критикуван поради своето однесување на патеката. Кога ќе направите вакво нешто, прво треба да се погледнете во огледало“, порача Пјастри.
Ќе потсетиме, Пјастри не ја заврши трката и поради проблеми со менувачот се откажа на 15 круга до крајот.
“GET OUT OF THE FUCKING WAY YOU IDIOT! OH. MY. GOD.”
— Mr Matthew CFB (@MrMatthew_CFB) July 26, 2026
Oscar Piastri is PISSED at Carlos Sainz who may have very well just cost him the race.
That is by far the angriest I’ve ever heard Oscar.#HungarianGP @AlwaysRaceDay pic.twitter.com/HIN0ouHHjq