„Петарда“ на Барселона против Базел, Реал Мадрид го декласира Шалке (ВИДЕО)

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид остварија победи на пријателските натпревари во рамки на подготовките за новата сезона.

Актуелниот шамион славеше против Базел со 5-2, а голеадата ја отвори Карем Адејеми, по што Дукуре израмни на 1-1 во финишот на првото полувреме.

Во вториот дел беа постигнати дури пет погодоци, од кои четири беа од Барселона. Во листата на стрелци се запишаа Абделкарим, Јамал и Бисиву, додека на спротивната страна стрелаше Олаигбе.

Сите голови од натпреварот меѓу Барселона и Базел може да се погледнат ТУКА.

Реал Мадрид беше сигурен против Шалке и славеше со 3-0, а погодоците ги постигнаа Мбапе, Хујсен и Еспи.

Фото: FC Barcelona /Facebook