Новиот селекторот ги собра ракометарките - почна походот кон „Трофеј Македонија“!
Репрезентативките се собраа во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), каде што беше одржан и првиот состанок со новиот предводник на националниот тим. Пред почетокот на подготовките, на ракометарките им се обрати и генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски. Веднаш по завршувањето на состанокот, македонската репрезентација замина за Охрид, каде што ќе продолжи со тренажниот процес и главните подготовки за настапот на претстојниот турнир „Трофеј Македонија 2026“.
За Марковиќ ова претставува прв официјален собир со женската сениорска репрезентација во улога на селектор. Претстојниот турнир во Охрид ќе биде одлична можност тој поблиску да се запознае со играчкиот кадар и да ги постави тактичките основи за предизвиците во периодот што следува.