Во Копенхаген падна светскиот рекорд во женски полумаратон

Кенијката Агнес Нгетич го освои златниот медал на Светското првенство во Копенхаген, поставувајќи и нов светски рекорд во полумаратон во женска конкуренција.

Нгетич ја заврши трката за 1 час, 5 минути и 15 секунди, со што за една секунда го подобри претходниот рекорд на нејзината сонародничка Перес Џепчирчир, поставен при освојувањето на светската титула во 2020 година.

„Мојот тренер веруваше во мене и ми рече дека можам да го направам тоа, дека можам да го освојам златниот медал. Многу сум среќна и благодарна што сега го држам и светскиот рекорд во полумаратон“, изјави 25-годишната Нгетич.

Нгетич во април 2025 година постави и светски рекорд на 10 километри во женска конкуренција со време од 29:27 минути, додека една година претходно во Валенсија истрча 28:46 во мешана трка, станувајќи првата жена која оваа дистанца ја истрчала за помалку од 29 минути.