Се ближи крајот: Роналдо откри кога планира да ја заврши кариерата
Португалецот во разговор за познатиот магазин „Вог“ кажа дека крајот на неговата кариера е многу блиску.
„Ова е најверојатно моја последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, кажа Роналдо.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата кажа и како планира да го поминува времето откако ќе се повлече.
„Фудбалот ќе остави голема празнина, па така времето мора да го трошите на различни начини. Повеќе ќе се забавувам, ќе патувам, ќе уживам во тоа што го заработив“, вели Португалецот.
Фото: Facebook/Seleções de Portugal