Втор триумф за Леверкузен: Гутиерез и Шик го решија Лајпциг (ВИДЕО)

Баер Леверкузен славеше во дуелот против Лајпциг со 2-0 во четвртото коло од Бундеслигата, додека Шалке и Елверзберг одиграа без голови.

Лајпциг погоди преку Нкунку во 34. минута, но голот беше поништен поради офсајд, по што Шик во завршницата од првиот дел донесе предност за „фармацевтите“ (1-0).

Гутиерез во вториот дел постигна уште еден погодок за Леверкузен и со тоа му ја донесе втората победа сезонава во лигата.

Леверкузен е петтопласиран со седум бодови, додека Лајпциг е на деветтата позиција со шест поени.

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen