Од фудбалер до бизнисмен: Бивш напаѓач на Јунајтед има компанија вредна 5,7 милијарди евра!

Еден од фудбалерите кои некогаш го носеа дресот на Манчестер Јунајтед денес има сосема поинаква кариера. Иако на „Олд Трафорд“, Луис Саха не успеа целосно да го оправда големиот потенцијал, сепак по повлекувањето од терените се насочи кон бизнисот.

По пензионирањето, Саха се посвети на бизнис и денес има компанија која достигна вредност од 5,7 милијарди евра, а станува збор за „АкисСтарс“ која ги поврзува спортистите и познатите личности со доверливи партнери.

Неговата идеја стана вистински хит, па платформата во моментов има над 550 клиенти од светот на спортот.

„Секој ден добивам барања за совети. Неодамна ми се јави агент кој бараше помош за млад француски фудбалер кој сака да замине во Англија. Го поврзав со квалификувани тренери. Ако успеам да им помогнам на 100.000 луѓе, тоа ќе биде нешто најдобро што сум направил во животот“, кажа Саха.