Куња го спаси Јунајтед од катастрофа на гостувањето кај Фулам (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед беше на праг до нов пораз, но успеа да се спаси во завршницата од дуелот против Фулам (1-1) во петтото коло од Премиер лигата.

Првото полувреме помина без голови, по што „црвените ѓаволи“ си постигнаа автогол преку Лисандро Мартинез.

Гигантот од Манчестер се обидуваше да се спаси од нова катастрофа во лигата, а тоа конечно му успеа во 89. минута со голот на Матеуш Куња.

Јунајтед по пет одиграни меча има само пет освоени бодови, додека Фулам има два поени.

Фото: Facebook/Manchester United