Митровски повторно стрелаше, но Олимпија загуби од Браво (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Димитар Митровски постигна гол во поразот на Олимпија Љубљана против Браво во 10. коло од словенечкото првенство.

Браво прво постигна гол, и тоа преку Санди Нухановиќ во 28. минута од пенал, по што Митровски во судиското надополнување стрелаше за 1-1. Голот може да се погледне ТУКА.

Нухановиќ повторно од пенал во вториот дел успеа да погоди за предност од 2-1 на Браво, кој успешно се бранеше од нападите на Олимпија.

Екипата на Браво останува кошмар за Олимпија бидејќи веќе има шест победи по ред во меѓусебните средби.

Фото: Facebook/NK Olimpija Ljubljana