Силекс ги освои бодовите со Шкендија (А) и ја прескокна на табелата
Кратовчани во најголем дел од натпреварот кој не донесе премногу прилики беа подобриот тим на теренот, а херојх беше Босанецот, Есмир Хасукиќ кој ги постигна двата гола.
Резултатот беше отворен многу рано, уште од првата посериозна прилика пред голот на голманот на Столевски, Хасукиќ ја погоди мрежата во третата минута. Иако дојде рано, тој гол беше единствениот во првиот дел.
Конечниот резултат беше поставен по само седум минути игра во второто полувреме. До крајот на дуелот домашниот состав сигурно го чуваше резултатот, арачиновци на моменти се закануваа, но мрежата на Џеков остана недопрена.
За Силекс ова беше втора победа во низа со што дојде до 16 бода и ја прескокна токму Шкендија Арачиново кој остана без триумф на четвртиот натпревар со два бода помалку од кратовчани. Во следното коло Силекс ќе биде фаворит на гостувањето кај последнопласираниот Скопје, додека Шкендија Арачиново излез од малата резултатска криза ќе бара против Тиквеш на домашен терен.