Мурињо ги нападна судиите: Требаше да му покажат два црвени картони на Атлетико (ВИДЕО)
Португалецот ги обвини судиите и кажа дека не покажале два црвени картони за домашниот состав.
„Два чисти црвени картони. Требаше да бидеме 11 против девет цели 50 минути. Сè што можам да направам е да ги прегрнам моите фудбалери, кои дадоа сè на теренот. Тие што треба да бидат среќни се во судискиот комитет, затоа што сè беше чудно. Една недела претходно, сите знаеја кој ќе биде судијата. Човек кој нема интернационално искуство“, кажа Мурињо.