Жестока реакција од Реал Мадрид: Загубивме поради катастрофалното судење!
По прес-конференцијата на Жозе Мурињо, кој донесе фотографии за да покаже дека судиите ги оштетиле „кралевите“, следеше и официјална реакција од тимот од „Сантијаго Бернабеу“.
„Реал Мадрид загуби во дербито обележано со лошото судење на Ортиз Ариас, кој не му покажа црвен картон на Ромеро во првото полувреме поради удар во коленото на Белингам, иако ја прегледа ситуацијата на ВАР-мониторот, ниту пак на Канг-Ин Ли поради нагазување на левиот глужд на Валверде. Двете одлуки влијаеја врз текот на натпреварот, кој во второто полувреме беше решен во корист на Атлетико“, соопштија од тимот.
A dreadful refereeing performance decides the derby.https://t.co/4bCOqYmg4j
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) September 20, 2026
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.